23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пет возила се судрија кај Велес

На автопатот Велес – Скопје, кај местото викано Кула, околу 8 часот изутринава се случила сообраќајна несреќа помеѓу повеќе возила. Автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека пред еден час било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила.

„На терен се излезени екипи од СВР Велес, се чекаат информации од местото на настанот. Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата“, велат од МВР./Makfax

Спонзорирано: