3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Трамп не е причина за заладувањето на односите меѓу ЕУ и САД

Фокусот на САД кон Европа опаѓа, и тоа ќе биде случај со кој било претседател, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која истакна дека заладувањето на односите меѓу САД и Германија не е поради Доналд Трамп, туку има подлабоки корени.

Одговарајќи на прашање од „Фајненшал тајмс“ за тоа дали причината за заладувањето на односите е Трамп, таа рече дека според нејзиното гледиште, станува збор за структурални причини, објави бриселскиот портал „Политико“.

„Настана пресврт“, објасни Меркел, додавајќи дека и поранешниот американски претседател Барак Обама зборувал за азискиот век, гледано од американска перспектива.

„Тоа исто така значи дека Европа не е повеќе, така да кажам, во центарот на светските настани … Фокусот на САД кон Европа се намалува, што ќе биде случај со кој било претседател“, рече Меркел./Makfax

Спонзорирано: