10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Медведев останува на чело на „Обединета Русија“

Дмитриј Медведев, како заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, ќе остане на чело на владејачката партија „Обединета Русија“, која ја водеше додека беше премиер, изјави денеска Андреј Турчак, секретар на Генералниот совет на партијата.

По состанокот на пратениците на „Обединета Русија“ пред денешната седница на Државната дума, тој рече дека не постојат законски пречки за заменик-претседателот на Советот за безбедност истовремено да ја извршува должноста претседател на партијата.

Според пратеникот што присуствувал на состанокот, идниот премиер Михаил Мишустин им пренел честитки од Медведев на пратениците на „Обединета Русија“./Makfax

Спонзорирано: