13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Исламски екстремисти ослободија хуманитарни работници во Нигерија

Исламските екстремисти ослободија тројца хуманитарни работници и други цивили во североисточна Нигерија, кои се држеа како заложници од крајот на декември, соопшти денеска хуманитарниот координатор на земјата во ООН.

Тие биле киднапирани на 22 декември минатата година.

Хуманитарните работници биле киднапирани од исламски екстремисти, кои облечени во воени униформи запреле конвој возила што се движеле кон Мајдугури, главниот град на државата Борно на североисточниот дел на земјата./Makfax

Спонзорирано: