Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Германија постигна договор за гаснење на електраните на јаглен

Германските власти го усогласија планот за гаснење на електраните на јаглен од 2035 година до крајот на таа деценија, соопшти германската Влада.

Комисијата назначена од владата препорача пред една година Германија да престане да користи јаглен за производство на електрична енергија најдоцна до 2038 година, како дел од борбата против климатските промени.

Напорите да се преточат овие идеи во политика беа во застој во изминатите неколку месеци, бидејќи некои области, особено неразвиениот источен дел на Германија, се многу зависни од вадењето лигнит.

Планот ќе биде ревидиран во 2026 и 2029 година за да се утврди дали Германија може да го запре производството на електрична енергија со согорување јаглен. Германија добива повеќе од една третина од својата електрична енергија преку согорување јаглен и генерира големи количини гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, со што придонесува за глобалното затоплување./Makfax