Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Дедо си го прегазил внукот додека го паркирал автомобилот во Тетовско

Жител на тетовско Селце го прегазил својот внук додека го паркирал автомобилот. Петгодишното дете со тешки повреди било пренесено на клиника во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера во 16:40 часот. Во полиција било пријавено дека во село Селце, Тетовско, при паркирање на патничко возило во двор од куќа било повредено петгодишно дете од страна на неговиот дедо Ш.Г.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово./Makfax