Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Иран уапсен човекот кој го сними уривањето на украинскиот авион

Во Иран уапсено е едно лице кое го снимило соборувањето на украинскиот патнички авион во текот на минатата недела, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Деталите за апсењето засега не се познати, а Би-би-си јавува дека уапсеното лице се очекува да се соочи со обвиненија за загрозување на националната безбедност.

Иранската војска призна дека ненамерно го соборила украинскиот патнички авион во близина на Техеран, изјавувајќи дека станува збор за човечка грешка.

Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека за овој трагичен настан не треба да се обвинува една личност и дека треба да му се пристапи како на колективна грешка.

Откако видеото се појави на социјалните мрежи, аналитичарите проценија дека може да се види оти авионот бил погоден од ракета.

Иран во вторникот објави дека уапсени се неколку лица поради соборувањето на украинскиот авион.

„Њујорк Тајмс“ тврди дека снимките покажуваат оти две ракети биле истрелани кон авионот, во временски интервал од 20 секунди./Makfax