13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина бара Иран да ги врати црните кутии

Канцеларијата на украинското обвинителство и безбедносната служба побараа иранските власти да ги предадат црните кутии од соборениот украински авион на Киев.

Еден украински службеник за безбедност неодамна изјави дека истакнат ирански иследник се очекува наскоро да ја посети Украина.

Тој треба да процени дали украинската лабораторија е погодна за декодирање на црни кутии.

Претходно, шефот на киевскиот Истражувачки институт за форензичка експертиза Александар Рувин рече дека црните кутии ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група на меѓународни експерти.

По враќањето од Техеран, Рувин рече дека процесот на декодирање на црните кутии ќе започне на 20 јануари./Makfax

Спонзорирано: