5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стотина уапсени во Италија поради мултимилионска измама со ЕУ-фондовите

Речиси сто лица се уапсени во Италија откако полицијата открила мултимилионска измама со злоупотреба на руралните фондови на ЕУ, за што се обвинети сицилијанските мафијашки кланови.

Карабињерите и Гвардија ди Финанца ставија 48 лица во притвор, а 46 се во домашен притвор.

Осомничените чекаат обвиненија во распон од мафијашко здружување, дослух со мафијата, сериозна измама, трговија со дрога, изнуда, до фалсификување документи.

Мафијашките кланови „Батанеси“ и „Бонтемпо Скаво“, кои го контролираат Националниот парк Неброди во северна Сицилија, се обвинети и за нелегално присвојување на повеќе од 5,5 милиони евра од фондовите на ЕУ.

Џузепе Антоци, поранешен директор на националниот парк кој успешно се бореше против мафијашката инфилтрација во системот на руралните фондови на ЕУ, го преживеа нападот во 2017 година врз него и полицијата./Makfax

Спонзорирано: