23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин најави мерки за зголемување на наталитетот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин најави серија мерки за зголемување на наталитетот во земјата. Тој изрази незадоволство и разочарување од сегашниот наталитет во Русија.

„Во Русија денеска живеат речиси 147 милиони луѓе, но земјата влезе во многу тежок демографски период, бидејќи нивото на наталитетот повоторно опаѓа“, предупреди рускиот претседател.

Тој оцени дека во Русија, благодарение на мерките кои се презеле од 2000 година, се постигнати позитивни резултати во демографијата и до некои мерки, дури и раст на популацијата.

Затоа, според него, расте бројот на училишните деца, но со оглед на тоа дека семејствата засноваат малобројни генерации од 1990 година, бројот на раѓања повторно опаѓа.

Путин нагласи дека според прелиминарните проценки, вкупната стапка на наталитет во 2019 година била 1,5 и порача дека тоа не е доволно за Русија. Оцени дека ниските примања на повеќето домаќинства со деца директно се закануваат на демографската иднина на Русија./Makfax

Спонзорирано: