13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од минатата година е универзален снабдувач  за електрична енергија.  Со подобрувањата ќе се пресретнат барањата на корисниците, особено со дигитализацијата на нови опции  кои досега не беа достапни онлајн.

Досега, ЕВН Онлајн на корисниците им нудеше три одделни услуги:

  • електронска пријава за е-фактура (Формулар за е-фактура)
  • брзо плаќање на фактурите без регистрација на кориснички профил (Плати брзо)
  • проверка на долгови и плаќање на фактурите со регистрација на кориснички профил (досега Е-пункт)

Главната промена се состои во целосната преработка на сервисот за регистрирани корисници –  „Е-пункт“ што сега е преименуван во „Мој ЕВН Хоме“. „Мој ЕВН Хоме“, како интегриран дел од ЕВН Онлајн претставува унапреден кориснички портал за услуги поврзани со плаќањето на фактурите за електрична енергија со респонзивен дизајн. Така, посетителите имаат беспрекорно корисничко искуство без разлика од каков уред пристапуваат.

Отсега, „Мој ЕВН Хоме“ покрај плаќањето фактурите без провизија, ги нуди и следните опции:

  • плаќање на повеќе фактури одеднаш
  • регистрирање на повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил
  • регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили
  • преземање на копии од фактури од последните 12 месеци
  • увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил

Корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН Хоме“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.

Преку „Мој ЕВН Хоме“ корисниците добиваат услуги достапни во секое време и место, едноставни и брзи за користење во само неколку чекори.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Утре без струја делови на Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Аеродром

M T

Утре без струја делови на Кисела Вода, Студеничани и Аеродром

M T

Biznispro: Граѓаните се ослободуваат од печките на пелети, огласниците полни – цената стигна над 320 денари за вреќа

CENTAR MKD

Утре без струја делови на Кисела Вода и Карпош

M T

НЛБ haPPy картичка за happy зима, 5% cashback за платена сметка за електрична енергија

M T