9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската амбасада во Приштина издала 13.000 работни визи во 2018 година

Во 2018 година германската амбасада во Приштина издала околу 13 илјади работни визи за граѓаните на Косово, а за 2019 година сè уште нема податоци.

Новиот Закон за миграција на квалификувана работна сила кој го усвои Германија, а кој ќе стапи на сила во март годинава ја оживеа надежта на ксовоските државјани кои бараат работа во ЕУ затоа што им овозможува на квалификуваните работници со стручно образование од земјите надвор од Унијата лесно да емигрираат во Германија, пишува весникот „Зери“.

„Во текот на 2018 година германската амбасада во Приштина издала околу 38 илјади визи. Од тие околу 25 илјади визи за краток престој, т.н. туристички визи и визи за деловни патувања и околу 13 работни визи“, објави весникот.

Амбасадата очекува трендот на издавање визи за 2019 година да биде приближно ист како 2018 година./Makfax

Спонзорирано: