11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Бургер Кинг“ му понуди работа на принцот Хари

Бургер Кинг (БК), глобален синџир на ресторани за брза храна нуди позиција асистент во продажба за 35-годишниот британски принц, откако тој и неговата сопруга војвотката Меган минатата недела објавија дека се повлекуваат од „високите кралски должности “ и планираат да станат „финансиски независни“.

Бургер Кинг Аргентина беше прв што му пристапи на војводата од Сасекс, соопшти извор од компанијата на Твитер. „Дознавме дека принцот и војвотката решиле да се откажат од своите улоги во монархијата и ќе работат на тоа да станат финансиски независни.“

„Значи, ние имаме предлог за вас: Правете како и илјадници луѓе и направете ги вашите први чекори во светот на работата со нас,“ стои во понудата на компанијата.

„Знаете дека круната ќе ви одговара совршено. Исто така, после толку години живеење како војводи, време е да започнете да јадете како кралеви.“

Бургер Кинг САД подоцна се надоврза со друга објава: „Ова кралско семејство нуди работни места со скратено работно време“.

Минатата недела, парот – кои заедно го имаат осуммесечниот син Арчи – предизвикаа мешаница во кралското семејство кога најавија дека планираат да започнат нов живот на релација Британија-Канада.

„Имаме намера да се повлечеме како високи членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, истовремено и понатаму целосно да го поддржуваме Нејзиното Височество Кралицата. Сега планираме да го балансираме нашето време помеѓу Велика Британија и Северна Америка, продолжувајќи да ја почитуваме нашата должност кон кралицата, Комонвелтот и нашите покровители,“ стои во соопштението на принцот Хари и неговата сопруга.

Спонзорирано: