21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/архива
СВЕТ

Падна српска секс мафија – полицијата упаднала од прозор, филмска акција на српските полицајци

По налог на Обвинителството за организиран криминал уапсени се 22 припадници на две криминални групи осомничени за посредување во вршење на просистуција на територијата на Белград.

Меѓу уапсените и еден полициски службеник вработен во ПО за Град Белград додека две лица се во бегство.

Во соопштението на обвинителството се прецизира дека после повеќемесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Службата за борба против организиран криминал уапсени се припадници на две организирани криминални групи, од кои една ја сочинувале 16 лица, а другата осум.

Уапсени се: Т.Д., М.С., М.Ј., Ј.З., Р.Н., С.Н., ЛЈ.П., К.Д. и В.Р., додека две лица се во бекство.

Другата група ја сочинувале осум лица и уапсени се – М.Т., В.Ѓ., В.П., Т.Ј., С.Н., М.Р., С.Д., и Т.Х.

Обвинителството наведува дека постојат основи за сомнение дека овие две организирани криминални групи од март до крајот на ноември 2019 година посредувале во вршење на проституција така што се на подрачјето на Белград во поголем број изнајмени станови организирале и пружале сексуални услуги за поголем број корисници на сексуални услуги.

На тој начин добиле значајна противправна имотна корист.

На сите им било одредено задржување до 48 часа во кој рок ќе бидат приведени во Обвинителството за организиран криминал поради сослушување.

Спонзорирано: