12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Манекенка застанала на работ на карпа и паднала во бездна длабока 30 метри

Британската манекенка Мадалин Дејвис се искачила на карпа со пријателите за да направи добро селфи на зајдисонце. За жал, таа се лизнала по што исчезнала.

Манекенката неодамна се преселила од Англија во Австралија. Во саботата таа присуствувала на прослава во близина на Сиднеј. Околу 6:30 часот одлучила да се искачи на популарната карпа Дијамантски залив за да го види зајдисонцето со пријателите, пренесува Дејли Меил.

Тие се искачиле на карпата, ја прескокнале оградата за да седнат на работ на место популарно за фотографирање. Потоа Мадалин започнала да прави селфи, се лизнала и падна од карпа висока 30 метри.

После тоа и се губи секоја трага.

Нејзината мајка, Ребека Смит била очајна откако не успеала долго време а ја слушне ќерка си. Ги молела пријателите да и помогнат да ја пронајде.

Спасувачите ја пребарале целата област, а телото на Мадалин било пронајдено околу 10:30 часот. Во понеделникот наутро, нејзиното семејство ја објави смрт на манекенката.

Само еден месец пред нејзината смрт, Мадалин им кажала на пријателите дека се забавува како никогаш во животот и дека нема намера да се врати во Велика Британија. На фотографијата на Инстаграм од Тајланд, таа напишала:

„Не можам да верувам дека патувам веќе еден месец! Не сум се свртела кон минатото ниту еднаш, иако ми недостасува старата работа. Многу сум возбудена поради иднината која ме чека“.

Спонзорирано: