12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Без договор за примирје во Москва, НАТО почна да бомбардира во Либија

Командантот на либиската национална армија, Калифа Хафтар, ја напушти Москва без ставање потпис на примирјето, потврди рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Медиумите пренесуваат дека НАТО почнало со бомбардирање.

Откако беше објавено дека Хафтар ја напуштил Москва, без постигнат договор за примирје во Либија, меѓу силите лојални на Хафтар и официјалната влаа, која ја поддржуваат Обединетите нации, НАТО почна со бомбардирање на Либија, соопшти Лавров.

Хафтар во Москва, како што наведуваат медиумите, вчера се сретнал со премиерот на меѓународно признатата Либија, Фајез Сарај. Тие се обиделе, со медијација на Русија и Турција, да постигнат примирје. Но, утрово од Москва е соопштено дека Хафтар ја напуштил руската престолнина без постигнат договор.

Либиските сили, односно Либиската национална армија, на чие чело е Хафтар, се обидуваат да го заземат Триполи, кој е под контрола на владата, која ја поддржуваат меѓународните сили.

Силите на Хафтар соопштија дека се подготвени и посветени на тоа да постигнат победа.

Како што пренесоа агенциите, откако Хафтар ја напуштил Москва, почнале вооружени судири во јужниот дел на Триполи, а во соопштението објавено на локална телевизија./Makfax

Спонзорирано: