12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Овие три работи стјуардесите никогаш нема да ви ги кажат

Најголемиот страв кај повеќето патници кои летаат со авион е оној дека моторот ќе се расипе и дека авионот ќе се сруши.

За среќа, шансите дека ќе дојде до тоа се многу мали, но сепак постојат некои работи кои може да се случат.

Наредните три работи стјуардесите никогаш нема да им ги кажат на патниците, а постои и веројатност дека тие може да се случат.

1. Опасни бактерии во садовите за топла вода

Истражувањето кое го спровела телевизијата Ен-Би-Си открило дека во повеќе од 10 отсто од комерцијалните авиони се наоѓаат садови со опасни бактерии кои се користат за загревање на вода за чај или кафе.

2. Тоалетите може да се отворат од двете страни

Тоа секако е многу добро кога станува збор за безбедноста, но веројатно после ова видео нема долго да се задржувате во тоалет во авион.

3. Лицето покрај вас можеби е мртво

Големи се шансите некој од 8 милиони луѓе кои патуваат со авион секој ден ќе почине за време на лет. Меѓутоа, доколку се случи некој да почине за време на лет и тоа да е лицето кое седи до вас, не очекувајте стјуардесата да ве извести тоа.

Спонзорирано: