12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На милиони Канаѓани по грешка им било испратено предупредување за инцидент во нуклеарна централа

Предупредување за инцидент во нуклеарна централа во јужниот дел на Канада по грешка им било испратено на мобилните телефони на милиони граѓани, соопштија властите.

Во предупредувањето е наведено дека надлежните реагирале на инцидентот во нуклеарната централа Пикеринг, една од најголемите во светот. Рециси два часа подоцна на мобилните телефони на граѓаните им била испратена нова порака дека првичната со предупредување е грешка. Засега не е познато што довело до грешката.

Првата порака, испратена вчера околу 7:30 часот по локално време, за инцидент се предупредени луѓето кои се наоѓаат во кругот од 10 километри од нуклеарната електрана, оддалечена околу 50 километри од Торонто.

„Пријавен е инцидент во нуклеарната електрана Пикеринг. Нема абнормални емисии на радиоактивности од станицата и итните служби реагираат на ситуацијата. Луѓето во близина на нуклеарната електрана Пикеринг не треба да преземаат мерки за заштита во овој момент“, пишувало во предупредувањето.

Компанијата „Онтарио пауер џенерејшн“, која управува со електраната, подоцна соопштила дека пораката е испратена по грешка и дека нема опасност по луѓето или по животната средина.

Во второто предупредување пишувало дека „немало активни нуклеарни ситуации“.

Градоначалникот на Пикеринг, Дејв Рајан, побара итна и темелна истрага./Makfax

Спонзорирано: