10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Стриптизетата поднесе тужба против Џенифер Лопез, бара 40 милиони долари отштета

Џенифер Лопез (50) стана цел на негативни коментари поради нејзиното учество во филмот „Хастлерс“.

Продукциските куќи на Лопез се соочуваат со тужба од 40 милиони долари поднесена против неа од страна на Саманта Барбаш (47), според чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година.

Во документите доставени до судот пишува дека луѓето од продукцијата ѝ пристапиле на Саманта Барбаш пред да почне снимањето и ја замолиле да им даде согласност за снимање на филмот, како и да потпише дека се откажува од сите права на филмот. Таа ја одбила понудата.

Филмот е снимен според напис во „Њујорк тајмс“ во кој детаљно се опишани настаните од животот на Саманта, со акцент на нејзината работа како стриптизета во познат стриптиз-клуб во Њујорк.

Саманта тврди дека продуцентската куќа на пејачката ги користела нејзиниот лик и дело без нејзина дозвола и дека била наклеветена во нејзината изведба.

Џенифер Лопез за својата улога во „Хастлерс“ беше номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра споредна улога во игран филм./Makfax

Спонзорирано: