12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран го соборил украинскиот Боинг 737? Се појавија нови податоци за смртта на 176-те патници

Авион од Украина кој се сруши во вторникот над Техеран во Иран, бил соборен од руска ракета, објави „Newsweek” повикувајќи се на извор од Пентагон.

Неименуван висок американски известувач рекол дека авионот бил срушен од руска ракета Тор-Н1 земја-воздух, која го користи иранската противвоздушна одбрана.

Пентагон проценува дека авионот бил соборен случајно.

Да потсетиме, украинскиот авион паднал во вторникот над Техеран од висина од два километри, а во таа прилика загинале сите 176 патници и членови на екипажот.

Спонзорирано: