23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

Мила Царовска – министер на годината

Во 2019-та неуморно таа и нејзиниот тим работеа на спроведување на социјалната реформа, носење нови закони и воспоставување функционален систем.

Уредничкиот колегиум на Македонската новинска агенција – Centar.mk одлучи Мила Царовска да биде Министерка на годината.

Царовска може да се пофали со следните мерки: зголемена социјална помош, субвенции на придонеси на вработените кои ги искористија над 40.000 вработени односно 9% од вкупниот број, субвенции за самовработување со што се вработија 1.782 лица со поддршка на средства во висина од 5.000 до 10.000 евра, изградба и реновирање на нови градинки низ целата земја, посебна грижа за децата, но и сите лица со попреченост.

За 2 години се отворија 22 групни домови, од кои 20 за деца и 2 за возрасни.

Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат за 700 денари повисока пензија. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200. Тоа се вкупно 900 денари повеќе за пензионерите од следната година.

Со Гаранција за млади опфатени се вкупно 18.000 лица, а од нив 35% се вклучиле или во практиканство или во одредена обука тренинг или директно се вработиле.

Се на се’ може да се каже дека, Миннистерката за труд и социјалната политика, Мила Царовска, преку социјалната реформа поставува еден нов стандард во социјалните вложувања. А тоа е грижа за секој граѓанин, намалување на сиромаштијата и нееднаквоста во државата.

Ј.С.

За Centar.mk:
Новинската агенција Centar.mk е еден од најкредибилните информативни онлајн медиуми во Македонија со над 11.200.000 посети (единаесет милиони и двесте илјади) на годишно ниво (Погледни прилог за 2019).

Спонзорирано: