13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

Зоран Заев е личност на годината во Македонија

Уредничкиот колегиум на Centar.mk, традиционално секоја година избира Личност на годината.

За посебни постигнувања на полето на економијата и лидерство во 2019-та година е избран премиерот Зоран Заев.

Внесот на Македонија во НАТО, растот на платите, зголемувањето на вработеноста, враќањето на демократските процеси во Македонија, ќе беа само сон, доколку не беше македонскиот премиер Зоран Заев.

За само 2-ипол години лидерство, од земја која во периодот од 2006-та до 2017-та тонеше во криминал и корупција, среде скандалот со прислушкување, затворање на медиуми, уцени и закани кон граѓани и новинари, мешање во изборните процеси, Македонија успеа да ги преброди овие тешки времиња и да постигне многу чекори напред во однос на демократските процеси на земјава.

Како позначајни мерки можат да се споменат: Изградбата и реконструкција на стотици километри патишта кои со години беа запоставени на локално и регионално ниво; Силен раст на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари; Зголемувањето на платите на администрацијата, образованието, лекарите и безбедносните сили; Враќањето на ДДВ назад кон граѓаните; Субвенционирањето на инвертер клими, еколошки уреди за возила и тн; Повеќе нови инвестиции; Средувањето на проблемите на граѓаните со извршителите…

За Centar.mk:
Новинската агенција Centar.mk е еден од најкредибилните информативни онлајн медиуми во Македонија со над 11.200.000 посети (единаесет милиони и двесте илјади) на годишно ниво (Погледни прилог за 2019). Centar.mk е професионален медиум, основан во 2011-та година и го почитува етичкиот кодекс за професионално известување во медиумите.

Ј.С.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Biznispro: Граѓаните се ослободуваат од печките на пелети, огласниците полни – цената стигна над 320 денари за вреќа

CENTAR MKD

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD