15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Гасоводот „Северен тек 2“ може да биде завршен и без странски изведувачи

Гасоводот „Северен тек 2“ би можел да биде завршен и без странски изведувачи, рече рускиот министер за енергија, Александар Новак. Тој рече дека руските компании би можеле да ја завршат работата во наредните неколку месеци.

„Ако компанијата ‘Олсис’ не може да го заврши проектот како што објаснува Министерството за финансии на САД, можеме да го завршиме со наши средства. Ова ќе бара спроведување дополнителни планови и мислам дека работата ќе биде завршена за неколку месеци“, рече Новак.

Санкциите за гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“, вклучувајќи го и воениот буџет за в година, ги потпиша претседателот на САД, Доналд Трамп, и стапија во сила на 20 декември.

Според Новак, ваквата одлука го одложува спроведувањето на проектот за неколку месеци, а рускиот министер е убеден дека „Северен тек 2“ дефинитивно ќе биде завршен наредната година.

„Проектот ќе трае неколку месеци подолго од планираното. Мислам дека гасоводот дефинитивно ќе биде пуштен во употреба в година“, рече Новак и додаде дека остануваат да се изградат помалку од 160 километри гасоводот./Makfax

Спонзорирано: