4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Седуммина фудбалери од Еритреја исчезнаа во Уганда

Седуммина фудбалери од Еритреја исчезнаа по завршувањето на регионалниот турнир во Уганда, соопштија денеска официјалните лица.

Портпаролот на турнирот, Роџерс Мулиндви изјави дека полицијата сè уште трага по исчезнатите фудбалери.

Светските групи за заштита на човековите права ја опишаа Еритреја како една од земјите со најстрог режим.

Се верува дека фудбалерите се последни од низата луѓе што пребегале од Еритреја, а полицијата на Уганда сè уште не се огласила по тој повод.

АП потсетува дека во октомври четворица членови на фудбалскиот тим од Еритреја, каде што има играчи помлади од 20 години, побарале азил во Уганда./Makfax