Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Синот на Хју Хефнер се откажа од „Плејбој“, ќе биде воен пилот

Купер Хефнер (28), син на починатиот Хју Хефнер, на својот твитер-профил напиша дека отсега ќе им служи на својата земја и на своето општество.

Купер се откажа од „Плејбој“ за да почне своја сопствена медиумска империја, а сега се приклучи на Air Force. Тој се откажа од своите планови да лансира дигитална платформа за милениумци за да биде пилот на военото воздухопловство преку океанот.

Синот на Хеф вели дека ја напушта Stag and Hefner Media Corporation за да ѝ служи на својата земја.

Купер е еден од двата сина што Хју ги има со својата втора сопруга Кимберли Конард. Тој го презеде „Плејбој“ во 2016 година кога татко му имаше здравствени проблеми и ја врати голотијата во ова списание./Makfax