12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Повеќе од 20 поранешни француски војници станале џихадисти

Центарот за анализа на тероризмот (ЦАТ) објави извештај во кој се тврди дека дури 23 поранешни француски војници им се приклучиле на радикалните исламски терористички групи како што е Исламска држава, пренесува „Ле фигаро“.

Манон Шемел, авторот на извештајот, вели дека повеќето од поранешните војници ѝ се приклучиле на ИД и дека речиси половина од нив биле исламски конвертити, додека 10 биле членови на елитни единици како што се Легијата на странците или Воздухопловните командоси.

За другите поранешни војници се вели дека служеле како редовна војска првенствено во армијата, при што еден служел во морнарицата, а другиот во воздухопловните сили.

Воздухопловните сили, според извештајот на ЦАТ, се стратешка цел на терористички групи при регрутирањето. Многу вакви регрути завршуваат на стратешки позиции во рамките на терористички групи.

Абделилах Х., поранешен легионер, формирал своја џихадистичка бригада во која биле вклучени неколку терористи од масакрот во Батаклан, а друг поранешен војник по име Осама С. бил член на шеријатската полиција во главниот град на ИД, Рака.

Иако повеќето поранешни војници се млади, некои, како Фредерик Р., кој бил уапсен во ноември од страна на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ), се многу постари.

Извештајот доаѓа само неколку месеци откако францускиот парламентарен извештај, труд на пратениците Ерик Диард и Ерик Пулијат, ги откри стравувањата дека радикални исламисти се инфилтрирале во францускиот јавен сектор, вклучително и во париската РАТП, компанија која ја надгледува огромната мрежа за јавен превоз во француската престолнина.

Некои од поранешните војници кои се приклучија на терористичките групи се в затвор, но многу џихадисти ќе бидат ослободени во следните неколку години. Поранешниот судија за борба против тероризмот, Марк Тревидик, предупреди на почетокот на месецов дека најмалку 400 џихадисти може да бидат пуштени на слобода почнувајќи од 2020 и 2021 година./Makfax

Спонзорирано: