18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиските власти го исклучија интернетот и воведоа полициски час

Индиските власти го исклучија интернетот во делови од државата Утар Прадеш на северот на земјата и воведоа полициски час во градот Мангалуру, откако три лица загинаа во судирите меѓу полицијата и демонстрантите незадоволни поради дискриминација врз муслиманите во Законот за државјанство.

Демонстрациите се проширија низ Индија од минатата недела, кога Владата претстави нов закон во парламентот.Вкупно седум лица се убиени од почетокот на демонстрациите.

Портпаролот на полицијата Гуру Камат изјави дека 20 полицајци се повредени во судирите во Мангалур и дека полицикси час е воведен до полноќ на 22 декември.

„Полициските сили се распоредени низ целиот град и ситуацијата е мирна и под контрола во моментот“, истакна Камат.

Еден државен службеник од Утар Прадеш Аваниш Кумар Авасти изјави дека целта на исклучувањето на интернетот е да се спречи дистрибуцијата на пропаганден материјал што може да ја влоши ситуацијата. Полицијата во Утар Прадеш уапси 100 осомничени лица.

Новата регулатива им олеснува на луѓето од немуслиманските малцински нации од земји како Авганистан, Бангладеш и Пакистан кои се населиле во Индија пред 2015 година да добијат државјанство на оваа земја.Критичарите веруваат дека исклучувањето на муслиманите претставува дискриминација./Makfax

Спонзорирано: