18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Франција: „Гугл“ казнет во 150 милиони евра за антиконкурентско однесување

Француската управа за конкуренција го казни американскиот технолошки гигант „Гугл“ со 150 милиони американски долари за антиконкурентско однесување и нејасни регулативи на својата интернет-страница Google Ads.

Аналитичарите велат дека казната е изречена во време кога Франција и другите европски земји под строга контрола ги држат американските технолошки компании како „Гугл“, „Фејсбук“, „Епл“ и „Амазон“, кои често се цел на критиките поради релативно ниските даночни плаќања.

Во септември, „Гугл“ се согласи да плати речиси милијарда евра на француските власти за поради истрагата за фискална измама, која почна пред четири години. „Гугл“, исто така, се соочува со зголемена регулаторна контрола поради содржината што се појавува во резултатите од пребарувањето и рекламите./Makfax

Спонзорирано: