11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТТОП ВЕСТИ

Законот за Брегзит во британскиот Парламент до Божик

Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да го врати договорот за Брегзит во парламентот пред Божик, изјави денеска заменикот-министер за финансии Риши Сунак, додавајќи дека владата потоа ќе го претстави и новиот буџет.

„Најважната работа во овој нов мандат е да се заврши Брегзит … Ние ќе ја напуштиме Европската унија за неколку недели, до крајот на јануари. Нашата намера е да го донесеме Предлог-законот за повлекување пред парламентот пред Божик“, рече Сунак за Би-Би-Си.

Говорејќи за ветувањата на премиерот Џонсон дека владата ќе го зголеми финансирањето за Националната здравствена служба на Велика Британија, Сунак рече дека Британците се согласни оти тоа е приоритет.

Спонзорирано: