23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Меркел ги повикува Балканците да живеат и работат во Германија: Во недостиг се на милион работници, ќе се донесе нов закон

Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупрдила на „очајничката“ потреба на економијата за работниците.

Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија.

Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони непополнети работни места.

Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.

„Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници надвор од ЕУ. Без доволно експерти ниедна компанија не може да преживее“, предупредила во видео-порака која ја посветила на новиот закон.

Истакнала дека потребата за експерти од странство не се однесува само на академски образование работници, туку и на струките.

„Ние во моментов имаме бројни претприемништва кои се во очајничка потрага по квалификувана работна сила. Ако политичарите не се грижат доволно за експертите, фирмите и претприемништвата ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, предупредила таа.

Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.

Во понеделник ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.

Спонзорирано: