5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За половина час, три земјотреси ја потресоа Турција

Три земјотреси со умерена јачина, проследени со повеќе афтершокови, ја потресоа Турција во интервал од само половина час, пренесува „Дејли сабах“.

Првиот земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер бил регистриран синоќа во 23.14 часот по локално време на 127 км југозападно од Бурса, а бил почувствуван и во азискиот дел на Истанбул. Десет минути подоцна во истата област имало втор земјотрес со јачина од 4,5 степени.

Третиот земјотрес, со јачина од 4,4 степени, бил регистриран 30 минути по првиот по што се регистрирани серија дополнителни шест потреси со јачина од 4,5 до 1,9 степен по Рихтер.

Нешто пред полноќ, во близина на грчките острви Крит и Касос, регистриран бил силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер.

Спонзорирано: