20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Силен ветaр го преврте камионот врз полициски автомобил и го смачка

Ветровите проследени со дожд во Велика Британија дуваа со брзина до 100 километри на час и превртеа камион на автопатот А1, кој потоа удри во полициски автомобил.

Несреќата се случила во Шкотска кога полициско возило го насочувало сообраќајот од надворешната лента. Ветрот веќе превртел еден камион од патот до тогаш. Друг камион тогаш само се превртел кон полицискиот автомобил и го смачкал. Полицаецот што пристигнал на местото на настанот е полесно повреден.

„Мораме да го затвориме А1 веднаш. Камионот само што се преврте на моето патролно возило. А вчера го полирав“, објави на твит началникот на полицијата, Стјуарт Карл.

Метеоролозите издадоа жолто предупредување за подрачјето на Англија и Шкотска бидејќи силните ветрови веројатно ќе предизвикаат доцнење во железничкиот и патниот сообраќај.

Спонзорирано: