10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

На Меѓународната конференција во Брисел, Србија го отвори Поглавјето 4 за слобода на движење на капиталот, пренесе РТС. Отворањето ова поглавје значи дека Србија спроведува реформи, порача српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Комесарот за проширување, Оливер Вархели, истакна дека отворањето ново поглавје е позитивен сигнал како за Србија така и за земјите од Западен Балкан, но и за политиката на проширувања.

Ова е второ поглавје во преговорите за членство во ЕУ, кои Србија ги отвори оваа година кога во јуни беше отворено Поглавјето 9 за финансиски услуги.

Во техничка смисла, како што наведува РТС, за отворање во овој момент биле подготвени уште три поглавја – Поглавјето 2 за слободно движење работници, Поглавјето 21 за трансевропски мрежи и Поглавјето 14 за политика на сообраќајот, но политичка согласност меѓу земјите членки е постигната само за Поглавјето 4.

Спонзорирано: