3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал.

Воздухопловството се огласи со соопштение.

Авионот во кој се наоѓаа 38 лица се упатил кон база на Антарктикот, а контактот бил загубен еден час по полетувањето. Властите неколку часа подоцна соопштија дека не се оптимисти.

Војската претходно информира дека е поведена акција за потрага и спасување.

Станува збор за авион од типот „ц-130 херкулес“, во кој имало 17 члена на екипажот и 12 патници, меѓу кои тројца цивили.

Авионот полета во понеделникот во 16.55 часот по локално време, а контактот бил загубен околу 18 часот.