19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТИЗБОР

Шести ден од штрајкот во Франција поради промена на пензискиот систем

Француските аеродромски работници, наставници и други работници се приклучија на штрајкот на вработените низ целата земја, додека синдикатите го засилија притисокот врз владата да се откаже од најавените измени во националниот систем за пензионирање.

Полицијата нареди продавниците и рестораните да останат затворени во Париз, плашејќи се од улично насилство за време на попладневниот марш.

Француските синдикати ги повикаа работниците да организираат еден од најголемите протести во изминатите децении, со надеж дека на шестиот ден од штрајкот ќе го надминат бројот на 800.000 луѓе колку што излегоа на улиците минатата недела во знак на протест против реформата на пензискиот систем што го предложи францускиот претседател Емануел Макрон.

Патниците се соочија со прекин во сообраќајот, училиштата се затворени во Париз, а националната авиокомпанија „Ер франс“ соопшти дека ги намалила домашните летови за 25 проценти.

Синдикатите не покажуваат никакви знаци на откажување и ги поттикнуваат железничките работници, лекарите, наставниците и другите вработени во јавните служби да се спротивстават на Макрон пред неговата влада утре да предложи реформа во пензискиот систем.

Спонзорирано: