23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес во Италија го исплаши населението, оштетена е црква

Земјотресот што јa погоди областа Тоскана, северно од Фиренца, ги исплаши жителите кои излегоа на улиците среде ноќ.

Вечерта имаше повеќе земјотреси, од кои најсилниот изнесуваше 4,5 степени.

Градоначалниците на погодените градови во областа информираа дека нема повредени лица, пренесува АП.

Земјотресот ја оштети црквата Свети Силвестер во градот Барберино, а на дел од куќите можат да се забележат пукнатини, изјави гувернерот на Тоскана, Енрико Роси.

Роси рече дека обезбеден е објект каде луѓето ќе можат да престојуваат додека властите ја проценуваат штетата на нивните домови.

Најсилниот земјотрес од 4,5 степени беше регистриран во 4,37 часот по локално време.

Железничката линија помеѓу Фиренца и Болоња беше привремено прекината поради мерки на претпазливост.

Училиштата во градовите во близина на епицентарот се затворени поради претпазливост, а експертите проверуваат колку се безбедни овие објекти по земјотресот.

Геолозите потсетија дека пред 100 години истата област беше погодена од земјотрес и дека тогаш загинаа околу 100 луѓе.

Спонзорирано: