10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на потколеницата.

Во сообраќајката учествувале два автомобила марка „голф“, а од силината на ударот тие претрпеле големи оштетувања.

За да го извадат девојчето кое било во едно од возилата, пожарникарите морале да ја сечат згмечената каросерија. Засега нема информација за здравствената состојба на другите патници во автомобилите.

На местото на инцидентот се врши увид, по кој ќе се знае повеќе за причините кои довеле до несреќата./Makfax

Спонзорирано: