9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чиј е гласот во новите “бомби”? – Јавното обвинителство поведе истрага

Јавното обвинителство ќе истражува како и од каде се објавени седумте аудио снимки на интернет, каде се слуша глас на бизнисмен сведок во случајот „Рекет“.

Истрагата треба да утврди дали разговорите на „Ју Тјуб“ се поставени од земјава или во странство.

Дополнително обвинителството треба да утврди кој се крие зад профилот „U6e Big“.

Аудио снимките беа објавени во саботата или само еден ден откако во судница за „Рекет“ сведочеше оштетениот бизнисмен Орце Камчев. Во разговорите освен семејството Заеви, се споменува и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Спонзорирано: