13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во експлозија во Иран загинаа 11 лица, прогласен ден на жалост

Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на гасоводна цевка за греење во западен Иран, а 42 други се повредени, објави денес иранската државна телевизија.

Експлозијата се случила за време на свадбена церемонија во курдскиот град Сакез, при што меѓу загинатите се пет жени и пет деца.

Три повредени лица се во критична состојба.

Според државната телевизија, експлозијата се должи на протекување на гас од цевка во салата за венчавки.

Поради несреќата, иранската влада прогласи ден на жалост.

Спонзорирано: