9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Боки 13-ка до Рускоска: Не се дери!

Боки 13-ка во сведочењето на денешното судење рече дека тие заедно со Кичеец му ја вратиле торбата од брендот Луј Витон на Камчев, во која биле спакувани 1,5-те милиони евра, но Камчев демантираше.

Додека обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 вкрстено го испрашуваше бизнисменот, прво побара од Камчев да му се извини јавно поради тешките квалификации кои ги изнел против него на денешното рочиште.

Откако обивнителката Вилма Рускоска се обиде да изреагира на начинот на кој Боки го испрашуваше Камчев, обвинетиот Јовановски и’ рече да не се дери.

– Не се дери, потивко, рекол Боки 13.

Потоа следуваше предупредување од судивката Васка Николовска, дека судењето не е театар и дека треба сите да се однесуваат пристојно во спротивно ќе бидат исфрлени.