4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот повторно кон најголемиот австралиски град – Сиднеј.

Најмалку четири луѓе загинаа во пожари од почетокот на ноември, а повеќе од 680 куќи се уништени. Активни пожари има во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квинсленд.

Најголем број од пожарите избувнаа на источниот брег на Австралија, додека пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола и осумте пожари околу Сиднеј, каде живеат околу пет милиони луѓе. Гаснењето на огнената стихија е отежнато поради силниот ветер што го шири огнот.