13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожари во Австралија, Сиднеј обвиен со чад

Австралиските пожарникари се борат со шумски пожари околу Сиднеј, а силниот чад повторно го обви градот.

Во пожарите што избувнаа во ноември загинаа најмалку четири лица и уништија околу 400 куќи, но пожарите сè уште се активни во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квинсленд.

Борбата против пожарите во Нов Јужен Велс е спречена од силните ветрови, а најлоша е ситуацијата околу Сиднеј.

Поради густиот чад, загаденоста на воздухот се зголеми и така Сиднеј се наоѓа на 19. место на најзагадените градови на списокот на порталот „Ер Вижуал“, на кој на првото место се Мумбаи и Шангај.

Иако пожарите се вообичаени во Австралија во овој дел од сезоната, тие започнаа многу порано за што придонесуваат високите температури од 40 степени и силните ветрови.

Спонзорирано: