9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пиратите нападнаа танкер кај Нигерија, киднапирани 19 членови на екипажот

Пиратите киднапираа 19 членови на екипажот на танкер со сурова нафта кај Нигерија, изјави денес официјален претставник на бродскиот оператор.

Бродот бил нападнат 77 наутички милји од островот Бони пред два дена и екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник.

Супертанкерот „Нејв констелејшн“, кој може да превезе до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонгконг.

Оператор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос танкерс менаџмент“.