13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Од денес официјално започнува изборната кампања во Хрватска

Кампањата за претседателските избори официјално започнува денес во Хрватска, откако Државната изборна комисија го објави списокот со кандидати напладне.

Претседателските избори во Хрватска се закажани за 22 декември.

Потписи за поддршка поднеле 12 кандидати, а кандидатурата на Слободан Миџиќ нема да биде потврдена бидејќи поднел само еден потпис на поддршка до ДИК, наместо 10 000.

Останатите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Џапиќ и Недељко Бабиќ, пишува „Јутарњи лист“ од Загреб.

Иако кампањата официјално започнува денес, таа практично трае од летото оваа година, а според загрепскиот весник, најмногу пари за тоа потрошиле сегашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.

Спонзорирано: