12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос на автопат: Спасуваше животи со предупредување за верижен судир, за малку ќе настрадаше и тој самиот

Автопат како стакло, автомобили се лизгаа од сите страни, па дојде до верижен судир, а многу возила со цел да избегнат судир се забија во оградата.

https://www.youtube.com/watch?v=jv9qvWAH5KU

Една таква спектакуларна несреќа на автопатот во близина на Сеул на Јужна Кореја беше снимена од страна на камерите на авомтобилите.

Покрај сцените од тоа како лесно автомобилите се лизгааат и се забиваат еден во друг, може да се забележи драматична борба за животот на возачот кој излегол од автомобил и се обидел да ги алармира останати возачи на возилата што доаѓаат.

Но, другите возила не можеа да забават, па возачачите на совеста беа оставени да му го спасат животот на “херојот”. Тој на крајот побегна зад резервоарот со камион, пред да се удри црното БМВ во полуприколката.

Во несреќата учествувале 21 возила, а три лица, меѓу кои и 87-годишна жена, се здобиле со сериозни повреди, јавуваат тамошните медиуми.

фото/видео Јутјуб

Спонзорирано: