Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Вандали осквернавиле 107 гробови во близината на Стразбур

Вкупно 107 гробови се осквернавени на еврејските гробишта кај Стразбур, во близина на француската граница со Германија, соопштија локалните власти, додавајќи дека на гробовите осамнале антисемитски натписи и свастики.

„Овие грозоморни и одвратни дела се навреда за вредностите на нашата Република“, рече францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, додавајќи дека тој би сторил сè за сторителите да бидат казнети.

Локалните власти ги затворија гробиштата на кои има околу 700 гробови, наведувајќи дека повеќето споменици биле осквернавени со испишани свастики.

Регионот Алзас во источна Франција е цел на антисемитски и расистички графити во последните неколку месеци.