Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трамп организира ручек за земјите што издвојуваат 2 отсто од БДП за одбраната

Donald Trump/Offical fan page

Американскиот претседател, Доналд Трамп, организира ручек за лидерите на земјите членки на НАТО што издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната.

Ручекот за таканаречените два отсто, као што Трамп ги нарече, беше приреден за девет од 29 лидери на земјите членки на НАТО, пренесоа американските медиуми.

„Ручекот е на моја сметка“, рече Трамп пред лидерите на Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и на Романија.

Агенциите наведуваат дека со овој потег Трамп сакал да ги казни другите членки на алијансата кои не одвојуваат толку за одбраната.

Инаку, Трамп претходно денеска ги откажа сите прес-конференции бидејќи порано се врати во Вашингтон.