4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седуммина загинати во експлозија во фабрика во Кина

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе се повредени во експлозијата што се случи во фабриката за производи за огномет во Ченгтанџиjанг, во близина на градот Лиујанг, во јужната кинеска провинција Хунан, потврдија денеска локалните власти.

Во Ченгтанџиjанг веднаш по инцидентот тие почнаа со спроведување план за реагирање во вонредни ситуации, јави кинескиот портал ЦГТН.

Службите за итни случаи, јавна безбедност, противпожарна и здравствена заштита на градот Лиујанг се упатиле на местото на настанот да почнат со спасувачки операции.

Истрагата за конечниот број на загинати е во тек.