9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Дали Заев го смета за криминалец и судечкиот совет што го ослободи во „Поткуп“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на прес конференција праша дали премиерот Заев го смета за криминалец судечкиот совет што го ослободи во случајот „Поткуп“.

„Зошто не ја видовме целата снимка што е на легален начин обезбедена со ПИ-мерки, каде што Заев бара поткуп, и дали смета дека господинот Џолев, кој направи смена на судиите среде случај, е криминалец како што Заев тврди за мнозинството судии“, рече Милошоски на новинарско прашање да ја коментира изјавата од обраќањето на Заев, во кое ги етикетира судиите како криминалци.

Во однос на писмото, што министерката Дескоска го испрати до судиите, а во кое таа им порачува како треба да судат, да постапуваат во судски предмети, Милошоски вели дека тоа може да се случи само во нашата земја.

„Доколку во Сојузна Република Германија или во Австрија или во Холандија кој било министер за правда прати писмо до судиите во кое им укажувуа кои се правните последици и санкции и дисциплиснки мерки при евентуално непостапување, тоа ќе му биде последното писмо во неговата кариера. Во Македонија не се такви околностите, но сепак мислам дека ова писмо ќе биде едно од последните писма на министерката за правда, Дескоска, која се обидува на овој начин да го покрие неуспехот во правните реформи во правосудството за што министерката Дескоска и Зоран Заев тврдеа дека го отвориле како пупка“, рече Милошоски.

Спонзорирано: