9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел ќе разговара со Путин за протераните дипломати

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за протерувањето на двајца руски дипломати од Берлин.

Таа ова го кажа на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп, по самитот на НАТО.

Меркел исто така рече дека Русија не ја поддржала истрагата на Германија за конкретниот случај.

Министерството за надворешни работи на Германија претходно денеска соопшти дека протерало двајца руски дипломати, откако обвинителството објави сомнежи за вмешаност на Москва во убиството на еден Грузиец во Берлин.

Говорејќи за трговијата меѓу ЕУ и САД, Меркел рече дека шансите за премостување на трговските разлики се подобриле откако претседателството на Европската комисија го презеде конзервативката Урсула фон дер Лајен.

„Мислам дека имаме добра основа за да напредуваме во трговските преговори“, рече Меркел.

Спонзорирано: